fbpx

Албански медиуми ја проголтаа српската „патка“ за Груевски

-

Минатата седмица една дезинформација што беше пласирана од провладиниот српски дневен весник „Политика“, излажа голем број албански медиуми што непроверено ја пренесоа веста. „Политика“ повикувајќи се на свои извори, тврдеше дека Никола Груевски одлетал во Будимпешта од Тирана.

Еден од најпопуларните медиуми во Албанија, „Газета Мапо“ ја пренесе таа информација со дополнително „зачинување“ – пишувајќи дека поранешниот македонски премиер бил преправен во жена. Но тоа го немаше во оригиналната статија – српскиот весник во својата статија тврдеше дека Груевски во авионот се качил носејќи очила за сонце и шешир и дека никој, дури ниту посадата, не го препознале. Дополнително, „Газета Мапо“ дури во статијата наведува дека тврдењето од насловот е од „Политика“.

Но, албанската полиција потоа излезе со официјално соопштение за медиумите, велејќи дека Груевски излегол од Албанија како патник во еден од автомобилите на амбасадата на Унгарија во Тирана. Дополнително, полицијата соопшти и дека во тој момент немало меѓународна потерница за Груевски и затоа бил пропуштен, а потерницата била испратена од Скопје дури на 13 ноември.

Во поглед на неговото влегување во Албанија, според угледната албанска телевизија „Топ Чанел“, Груевски не влегол легално во Албанија, бидејќи нема информација за негов влез во земјата во официјалниот ТИМС систем.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...