!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Албанската дијаспора ја поддржува албанската платформа


       
Чикаго, 11 март, 2017 - 17:13 (META) 

Албанско-американската заедница од Илионис, со седиште во Чикаго ја поддржа албанската платформа и ги поздрави напорите на Албанија и на Косово за решавање на прашањата на Албанците во Македонија.

„Претседателството на заедницата одлучи едногласно да ја поддржи заедничката декларација на албанските партии во Македонија, позната како албанска платформа. Го поздравуваме обединувањето на албанскиот политички фактор во Македонија, како и уставната посветеност на двете албански држави на Балканот, кои во овој вистински и деликатен момент дадоа значителен и историски придонес во решавањето на албанското прашање во Македонија“, стои соопштението.

Од Албанко-американската заедница истакнуваат дека не само што ја поддржуваат, туку и цврсто инсистираат на целосна имплементација на точките од платформата.

„Се надеваме дека платформата ќе го обедини албанскиот фактор кон целосно имплементирање“, стои во соопштението.

Од Здружението бараат да се воспостават механизми со кои ќе се следи континуитет, соработка и имплементација на платформа во согласност со идните барања и состојби.

„Албанско-американската заедница во Илиноис со седиште во Чикаго, која веќе долго време има одлични односи со американската администрација, политички и финансиски ја поддржување војната на Косово и таа од 2001 година во Македонија. Затоа, се обврзуваме дека заедницата и како и оние во други делови во САД ќе ги активира своите механизми преку кои ќе обезбедат поддршка за барањата на Албанците во Македонија. Ние ќе продолжиме внимателно да го следиме развојот на настаните во Македонија и во регионот врз основа на околностите ќе ги носиме идните одлуки. Ги покануваме нашите членови да останат смирени и да не потпаѓаат на ниските провокации и да останат будни“, стои во соопштението.