fbpx

Албанска пратеничка поднесе оставка поради вмешаност на нејзиниот син во убиство

-

Албанската пратеничка Луиза Џувани денеска поднесе оставка, откако полицијата го приведе нејзиниот син поради престрелката во ноќен клуб, во која загинаа четири лица.

Луиза Џувани и нејзиниот син Констадин Џувани
Луиза Џувани и нејзиниот син Констандин Џувани

Како што соопшти полицијата, пукањето во тиранскиот ноќен клуб „Анте гранд“ почнало по жолчна расправија, во која учествувал и синот на пратеничката од владејачката Социјалистичка партија. Во престрелката се убиени четири лица, а двајца се повредени.

Полицијата го приведе Констандин Џувани и уште две лица, кои се главни осомничени за престрелката во клубот што се наоѓа на 100 метри од американската амбасада во Тирана.

Албанската актерка и пратеничка Луиза Џувани ја соопшти својата оставка на прес-конференција, која ја одржа заедно со премиерот Еди Рама.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...