fbpx

Албанија го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

-

Албанскиот Парламент денеска со 130 гласови „за”, ниту еден против го изгласа Протоколот за членство на Македонија во НАТО. На седницата присуствуваше претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери кој по изгласувањето на Протоколот изрази голема благодарност за поддршката што Албанија и ја дава за земјата.

Спикерот Џафери рече дека Скопје е посветено на градење општество за сите, без оглед на етничката, социјалната или каква било друга припадност.

Тој рече дека се надева оти до крајот на оваа или почетокот на 2020 година, Протоколот за полноправно членство во НАТО, потпишан од сите 29 амбасадори на земјите-членки, ќе биде ратификуван од сите национални парламенти, со Република Северна Македонија ќе стане и официјално 30-та членка.

– Со денешната ратификација Република Албанија и албанскиот народ уште еднаш го потврдија пријателскиот однос кон Република Северна Македонија и нејзините граѓани. Бидете сигурни дека секогаш ќе се сеќаваме на ова и секогаш сме знаеле да ги почитуваме и ги цениме нашите вистински пријатели – истакна Џафери.

На седницата се обрати и премерот Еди Рама, кој високо ги оцени односите меѓу двете земји и ја нагласи поддршката на Тирана за Скопје.

На седнцата се случи мал инцидентот, кога пратеникот од пратеничката група на опозициската Демократска партија Еди Палока, воедно и потпретседател на партјата, истури боја врз премиерот Еди Рама, по што беше отстранет од собраниската сала.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...