fbpx

Албанија го осуди и бара истрага за графитот со говор на омраза во Битола

-

Министерството за Европа и за надворешни работи на Албанија денеска го осуди говорот на омраза кон Албанците, во графит на јавен простор во Битола и побара од македонските власти да го истражат случајот.

grafit Bitola
Графитот испишан на фасада од зграда во Битола на македонски и на албански јазик

Станува збор за графитот на фасада на зграда во Битола – „Смрт за шиптари“, напишан на македонски и на албански јазик, со додавка „Закон си е закон“ алудирајќи на Законот за употреба на јазиците.

„Министерството за Европа и за надворешни работи на Република Албанија изразува жалење и го осудува говорот на омраза кон Албанците изразен во натписи на јавен простор во Битола. Не е прв пат Битола, градот на историскиот конгрес за албанскиот јазик, намерно и неприфатливо да биде соочен со акти чија намера е да се предизвика омраза, нарушување и тензии помеѓу заедниците“, стои во соопштението на албанското министерство за Европа и надворешни работи.

Од таму бараат македонските власти да го истражат случајот и да ги откријат сторителите на овој чин, кој, како што велат, „се коси со духот на соживот и хармонија во Македонија и во регионот“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...