fbpx

Албанија: Експлозија од анонимни портали полни со непроверени вести

-

Во Албанија во последниве години има поплава од онлајн медиуми. Многу од нив не се транспарентни и „произведуваат“ непроверени вести, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Еден од овие медиуми е Pamfleti.net. Многу од вестите објавени на овој портал се всушност тврдења презентирани во форма на факти.

На пример, една од најчитаните вести на овој портал е веста со наслов „Ексклузивно: САД го уништува кланот Лала“.

Статијата е полна со наводи со кои се тврди дека поранешниот генерален обвинител Адриатик Лала низ целиот мандат работел за да ја заштити актуелната опозиција кога била на власт. Иако е факт дека поранешниот обвинител Лала, минатата година беше прогласен персона нон грата од страна на американскиот Стејт департмент, Лала сè уште не е обвинет.

Друга вест од овој медиум ја опфаќа минатонеделната посета на шефот на германската дипломатија, Хајко Мас на Тирана, со тврдењето дека министерот има листа на високи албански функционери кои ќе треба да бидат отпуштени. Сепак, не се обезбедени докази, туку толкување на некои дипломатски изјави.

Сите објавени вести се непотпишани. Кликнување на делот „за нас” не води никаде. Нивната страница на „Фејсбук“ има повеќе од 13.000 следбеници. Со кликнување на делот „за нас” на социјалната мрежа на овој медиум, стои пораката „Памфлети е медиумска платформа за анализа која се роди од потребата од трибина која не знае компромис, како моќен глас во недвосмислената борба против криминалот и политичка корупција во Албанија“.

Покрај тоа, во пораката се споменува дека „уредувачката политика не е водена од партии или идеологии, туку за да се открие и демаскира политичката и финансиската олигархија“.

Нема инфо за сопственоста на овој медиум, кој го финансира, или за вработените.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...