fbpx

Алaѓозовски: Трошоците се од бифето на Министерството за вода и кафе за сите гости

-

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, вели дека неговите лични трошоци за шестте месеци додека е министер, не надминуваат 6.000 денари месечно. Како што изјави тој денеска, дезинформација е веста дека потрошил речиси 9.000 евра за угостителски услуги. Тој посочи дека во наведениот износ не се издвоени неговите лични трошоци.

– Расчленетите ставки од алатката за транспарентност беа прикажани како групен трошок и сите беа поднесени под графата: трошења во кафеани. Во алатката за транспарентност има три типа на трошоци – угостителски услуги во странство, угостителски услуги надвор од Министерството за култура и беа прикажани трошоците направени во бифето на Министерството за култура. Во бифето не постои исхрана, туку само пијалаци. Во таа смисла, постои спецификација и административните службеници имаат направено превид што ги немаат издвоено личните трошоци на министерот од кумулираните трошоци во рамки на Министерството за култура – рече Алаѓозовски.

Тој појасни дека трошоците биле направени генерално за кафиња и вода а не, како што рече, „за тајни сметки во ексклузивни ресторани и во хотели во странство“.

Поради ова недоразбирање во јавноста, рече Алаѓозовски, во Министерството за култура ќе воведат построг правилник за користење на безалкохолните пијалаци со цел и износот на таа фактура да биде понизок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...