This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Mon Apr 23 21:05:38 2018 / +0000 GMT

Алаѓозовски: Повлечени 10 проекти од Годишната програма за култура за 2018




Десет проекти од Годишната програма на Министерството за култура за 2018 година со вкупна вредност од осум милиони и 500.000 денари се повлечени по ревизијата на Комисијата од Министерството, информираше денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски при посетата на затворот Шутка.

- Во овој момент комисиите ги разгледуваат и одлучуваат по однос на приговорите. Начинот на којшто ќе можеме да одговориме на приговорите ќе зависи од достапните средства што ќе ги имаме на располагање - рече Алаѓозовски на новинарско прашање за проектите од Годишната програма за кои имаше реакции во јавноста и за кои беше побарана ревизија.

Во однос на најавата на градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ за отстранување на четири споменици, министерот рече дека тоа е работа на општината и дека се работи за споменици од проектот Скопје 2014.
Post date: 2018-04-16 11:34:47
Post date GMT: 2018-04-16 09:34:47
Post modified date: 2018-04-16 11:34:47
Post modified date GMT: 2018-04-16 09:34:47
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com