fbpx

Алаѓозовски и Банов наесен ќе ја потпишат програмата за култура

-

Во рамки на владината посета во Бугарија, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, оствари средба со неговиот бугарски колега, Боил Банов, на која министрите најавиле дека најновата програма за соработка во областа на културата за периодот 2017-2019 година ќе се потпише во текот на есента.

„Бугарскиот министер Банов се заложи посебен акцент во идните односи да биде ставен на културниот туризам. Министерот Алаѓозовски истакна дека треба да се унапредат и билатералните проекти, кои се поддржуваат од програмите на Европската Унија. При тоа, тој посочи дека капацитетот на македонско-бугарските партнерства не е искористен во мултилатералните проекти, кои се финансираат од програмата на ЕУ „Креативна Европа“. Алаѓозовски му ја изложи на својот бугарски колега идејата Советот на министри да се развие по добриот пример на Нордискиот совет на министри за култура, кои имаат и заеднички канцеларии и фонд за поддршка на проекти“, се вели во соопштението од кабинетот на министерот за култура.

На средбата помеѓу министрите се разговарало и за Иницијативата „16+1“ на НР Кина и на земјите од Централна и Источна Европа, при што министерот Алаѓозовски побарал од министерот Банов и од Република Бугарија да ја дадат својата поддршка за предлогот идниот координативен центар за културна соработка меѓу овие земји да биде востановен во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...