fbpx

Ал Каеда се закани со нови напади во Франција

-

Јеменскиот разгранок на Ал Каеда ќе продолжи со нападите врз Франција, се закани шеик Харит ел Надари, верскиот лидер на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров (АКАП).

„Никогаш нема да бидете безбедни сè додека се борите против Алах, неговиот пророк и неговите верници“, стои во пораката, во која се поздравуваат нападите во Париз и се опишуваат напаѓачите како „херои муџахедини“.

Истовремено, АКАП во соопштение доставено до американските медиуми, ја презеде одговорноста за нападот на францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“, при кој беа убиени 12 лица.

Во соопштението се наведува дека масакрот е одмазда за навредата на честа на пророкот Мухамед.

Саид Куаши, еден од двајцата браќа обвинети за нападот врз „Шарли ебдо“, се борел за Ал Каеда во Јемен во 2012 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...