fbpx

Ал каеда ѝ се закани на Саудиска Арабија

-

Терористичката организација Ал каеда ја предупреди Саудиска Арабија дека ќе сноси последици поради погубување десетина нејзини членови, тврдејќи дека Ријад го направил тоа како новогодишен подарок за западните сојузници.

Егзекуцијата на шиитскиот верски лидер Нимр ал Нимр, извршена на 2 јануари во рамки на масовно погубување, предизвика тензии меѓу Саудиска Арабија и Иран. Покрај свештеникот, беа погубени и лица обвинети за тероризам, од кои повеќето биле припадници на Ал каеда.

Во соопштението на јеменскиот разгранок на Ал каеда и на нејзиното северноафриканско крило, се наведува дека Ријад продолжил да ги погубува бунтовниците иако бил предупредуван да не го прави тоа.

„Сепак, Ријад инсистираше на тоа да принесе крв на добрите муџахедини како жртва на христијаните на нивниот празник, Нова година“, наведуваат двете групи во соопштението објавено на социјалните медиуми.

Ал каеда и Исламска држава, инаку ривалски екстремистички организации, се закануваат дека ќе ги уништат саудиските затвори во кои се наоѓаат џихадистите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...