!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Акција за донирање апарати за домаќинство и облека за поплавените


       
Скопје, 25 септември, 2016 - 10:27 (META) 

Градската организација на СДСМ Скопје, под мотото „Хумано Скопје подава рака“, организира хуманитарна акција за помош на граѓаните што беа погодени со августовските поплави.

Како што соопштија од партијата, акцијата ќе се спроведува на три пункта во општина Аеродром и во општина Кисела Вода, во период од 10 до 12 часот, а ќе се собираат исправни електрични апарати за домаќинство и облека.

Пунктовите во Аеродром се наоѓаат на паркиралиштето на „Неоком“, кај Железничка станица, паркиралиштето на ОУ „Љубен Лапе“ и на последната автобуска станица на линијата број 5 во населба Ново Лисиче. Пунктовите во Кисела Вода се во паркот спроти Општина Кисела Вода, паркот спроти киното „Расадник“ и на паркиралиштето пред поштата во населба Драчево.