Градинката „Јасна Ристеска“ од Охрид ја спроведува акцијата „Подари книга“ за најмладите во општина Пустец од денеска до 9 ноември.
Поканата за приклучување кон оваа акција е отворена за сите граѓани, а посебно се испраќа до сите писатели и творци од Охридско и од Струшко, издавачки куќи, книжарници, библиотеки и до сите љубители на пишаниот збор.
Организаторот повика на помасовно вклучување кон оваа иницијатива и секој што може да подари барем една книга за децата од предучилишна возраст и за деца кои се вклучени во основното образование на македонски јазик во Пустец.