fbpx

АИ го обвини Израел за воени злосторства

-

Водечката светска организација за заштита на човековите права, „Амнести интернешенел“ (АИ) го обвини Израел дека летово извршил воени злосторства во Газа.

АИ го обвини Израел за „бесчувствителна рамнодушност“ додека ги напаѓал семејните куќи во густо населениот крајбрежен појас Газа и оти таа рамнодушност во одредени случаи е еднаква на воени злосторства.

Израелското министерство за надворешни работи го отфрли наодите од извештајот на АИ и ја обвини организацијата со седиште во Лондон дека ги „игнорира документираните воени злосторства што ги извршил Хамас“.

Во војната, која траеше 50 дена, се убиени 2.100 Палестинци, повеќето цивили, додека 72 лица загинаа на израелската страна, од кои 66 биле војници.

Копнената операција на Израел следеше по интензивните ракетни напади на Хамас на цели во внатрешноста на земјата. Хамас од 2007 година е на власт во Газа, територија под палестинска управа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...