fbpx

АХВ забрани увоз на свињи и свинско месо од Бугарија, поради африканска свинска чума

-

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засили мерките за надзор и контрола на болеста африканска свинска чума, по добиената потврда на 31 август дека оваа болест е присутна во селото Тутраканци во реонот на Варна, Бугарија, информираат од АХВ.

„Агенцијата донесе решение за забрана за увоз и транзит на свињи, производи и нус-производи од свинско месо од регионот во Бугарија каде е потврдено присуство на болеста, со цел заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во нашата земја. Покрај засилениот надзор и контрола на граничните премини кои го спроведуваат официјалните ветеринари, Агенцијата ја информира и Царинската управа за воведување на дополнителни, засилени контроли, особено на личниот багаж на патниците (внесување на храна од животинско потекло – месо и производи од месо), преку кои  може да се внесе болеста“, се вели во соопштението на АХВ.

Од таму апелираат до граѓаните кои патуваат во Бугарија, при враќање во земјава, во личниот багаж да не носат храна од животинско потекло, бидејќи ќе им биде одземена од страна на надлежните државни органи на граничните премини.

„До одгледувачите во селските домаќинства, особено до оние фармери кои свињите ги пуштаат на паша, апелираме, животните да ги држат затворени, во соодветни објекти, со цел намалување на ризикот истите да дојдат во контакт со дивите свињи кои може да ја пренесат оваа болест. Ветеринарните друштва се задолжени да при вршење на секојдневните активности на терен да ја следат здравствената состојба на свињите и до официјалните ветеринари да го пријават секој сомнеж на појава на оваа болест“, се додава во соопштението.

Африканската свинска чума не е болест која е опасна за луѓето, но е високо заразна вирусна болест кај дивите и домашните свињи, која експлозивно брзо се шири и предизвикува големи економски штети и загуби во свињарството. Африканската чума кај свињите е болест која не се лекува, односно за неа не постои вакцина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...