fbpx

АХВ врши инспекција во пекарницата каде беше забележан стаорец

-

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се врши инспекција во пекарницата во центарот на Скопје, откако на социјалните мрежи се распространи фотографијата од стаорец во угостителскиот објект.

Инспекциските служби на агенцијата вршат проверка дали овој оператор со храна ги почитува пропишаните општи и посебни барања за безбедност на храната, вклучително и тоа дали се спроведени мерките за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Во првите шест месеци од годинава извршени се вкупно 8.336 инспекциски надзори кај оператори со храна од неживотинско потекло, од кои кај пекарници, бурекџилници и трговци со леб и бели печива 1.027 контроли. Со контролите констатирани се пропусти од помал обем кои се однесуваат на применатаа на Добрите хигиенски и производни пракси или HACCP системот, како и поради несоодветно означување на производите.

Инспекциските служби изрекле  156 наредби за отстранување на констатираните недоследности, даден е налог за 82 едукации, а изречени се и 2 времени забрани.

Граѓаните може секоја недоследност да ја пријавуваат на бесплатната телефонска линија за потрошувачите на Агенцијата за храна и ветеринарство  0800 3 22 22, или на електронската пошта [email protected].

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...