fbpx

Ахмети: Влез во НАТО со привремената референца, па решавање на спорот за името

-

Двата главни приоритети на новата владина коалиција во Македонија се решавање на долгогодишниот спор со Грција околу уставното име на државата и влегувањето во НАТО под референцата „поранешна југословенска Република Македонија“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за грчки „Катимерини“.

– Решавањето на спорот за името е еден од најголемите приоритети. Ние сме соседи и нашата заедничка иднина е Европската Унија. Грција мора да го носи факелот кој ќе нè води кон ЕУ – изјави Ахмети, додавајќи дека земјата може да се приклучи кон НАТО со привременото име, пред да продолжат разговорите за решавање на спорот.

Според Ахмети, мора да се преземе чекор за работите да тргнат напред.

– Мора да ги имаме предвид и геополитичките прашања и да работиме напорно на пристапувањето на Западен Балкан, бидејќи придобивки ќе имаат сите – додава Ахмети.

Ахмети вели дека Македонија не е закана за Грција.

– Сакам категорично да нагласам дека Скопје нема никакви територијални претензии кон Грција и да ја уверам Атина дека Грција нема да се соочи со никаква закана од својот северен сосед – вели лидерот на ДУИ во интервјуто за „Катимерини“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...