fbpx

Ахмети: Првo да се исполнат условите, а потоа да се разговара за избори

-

Пред да се разговара за избори, партиите првo треба да се согласат дека условите за избори се исполнети и дека сите партии ќе учествуваат во процесот, истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со шефицата на Мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорката Нина Суомалаинен.

На средбата, како што информираат од партијата, Ахмети и Суомалаинен разговарале за новите политички случувања во Македонија и во регионот, условите за изборите, Специјалното јавно обвинителство и за препораките што произлегуваат од анализата на Охридскиот договор.

„По откажувањето на предвремените парламентарни избори на 24 април и на 5 јуни, претседателот Ахмети оцени дека земјата не треба повторно да се соочи со ваква несигурност, која предизвикува институционална нестабилност, но пред да се разговара за избори, партиите првин треба да се согласат дека условите за избори се исполнети и дека сите партии ќе учествуваат во процесот. Прашањето за чистење на избирачкиот список и прашањето за медиумите може да се решат ефикасно ако нема опструкции од политичките партии“, стои во соопштението на ДУИ за средбата.

Во врска со анализата на Охридскиот договор, Ахмети истакнал дека македонските политички партии мора да ги надминат предрасудите во оваа насока, особено кога станува збор за службената употреба на албанскиот јазик во согласност со Уставот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...