fbpx

Ахмети: Протестите се демократско право, но не треба да заземаат етничка и насилна димензија

-

Протестите се демократско право на изразување на незадоволство, но не треба да заземаат етничка и насилна димензија, истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со шведскиот амбасадор во земјава, Матс Стефансон, осудувајќи го нападот на новинарската екипа на „А1он“ на вчерашниот протест.

Ахмети и Стефансон разговарале за актуелната состојба во Македонија и за преговорите меѓу политичките партии околу формирањето нова влада.

Лидерот на ДУИ, како што соопштуваат од партијата, истакнал дека партијата успеала да ги заокружи преговорите за законот за употреба на албанскиот јазик, како и точките од заедничката изјава на албанските политички партии, додека за другите прашања се чекаат процедурални одлуки во врска со мандатот за формирање влада.

„Претседателот на ДУИ, Ахмети, истакна дека во ДУИ сè уште не е одлучено дали партијата ќе остане во опозиција, во исто време поддржувајќи малцинска влада или ќе биде дел од новата влада и ги образложи предностите и недостатоците на двете опции“, стои во соопштението на ДУИ за средбата меѓу Ахмети и Стефансон, на која тие разговарале и за локалните избори, како и за потребата за завршување на конституирањето на Собранието што е можно поскоро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...