fbpx

Ахмети – Пломп: Сите кои сакаат интеграција во ЕУ и НАТО ќе го поддржат референдумот

-

Сите оние кои сакаат интегрирана Македонија во НАТО и Европската Унија ќе го поддржат референдумот на 30 септември, вклучувајќи ја и опозицијата, бидејќи евроатланската интеграција на земјата е исто така нивна програмска определба, истакнал лидерот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети на средбата со амбасадорот на Холандија во Македонија, Ваутер Пломп.

Во соопштението од ДУИ се наведува дека Ахмети и Пломп разговарале за евроатланската интеграција, референдумот на 30 септември, владеењето на правото и борбата против корупцијата, како и регионалните случувања.

Ахмети го информирал холандскиот амбасадор за подготовките на ДУИ за успешно заокружување на евроатлантскиот пат преку спроведувањето на референдумот и уставните измени.

Во врска со реформите, владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како што се посочува во соопштението, ДУИ воспостави уникатна практика во земјава, повикувајќи ги и поддржувајќи ги органите да ги истражат сите наводи за корупција и истовремено ги охрабрува другите партии да го сторат истото.

„Ахмети заклучи дека единствен начин за регионот е помирување и целосна евроатланска интеграција со европските стандарди“ се наведува во соопштението од ДУИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...