„Не ни требаат 10 партии кои ќе им наштетат на тие десетици илјади гласови на Албанците. Силниот мандат нè прави посилни“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, при посетата на Општина Желино.
– Јас во мојата кариера сум се ангажирал и за слободното говорење и за слободното мислење. Не ѝ припаѓам на плејадата луѓе што го убиваат слободното говорење бидејќи оценувач е народот, кој е проценител, коректор и најдобрар уредник. Паметните не викаат, малите плачат. Без разлика што се зборува, ние не смееме да отстапиме од нашата агенда и од нашите определби за реализирањето на благородните намери што ги имаат Албанците во Македонија. Јас сакам работите да ги завршиме со одговорност, а не со еуфорија. Јас не вршам емотивна политика, ниту фолк. Ние сме наметнале дијалог и пронаоѓање решенија. За овој проект ние добивме симпатија и поддршка од меѓународната заедница. Нашата визија ја поддржува и Брисел за постигнувањето на договорот од 2 јуни и дека е во корист и на Албанците и на Македонците. Ние бевме во право што покажавме смиреност и трпениие за менаџирање на ситуацијата. Во сета таа еуфорија, јас бев свесен дека ДУИ губи, но нашата причина доминираше бидејќи бев свесен дека Албанците ќе ја оценат смиреноста и нашето вклучување во големата политичка криза – рекол Ахмети.