fbpx

Aхмети: На претседателските избори ќе бараме консензуален претседател

-

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на гостување во емисијата „Клан дебат“ на телевизијата „Клан Македонија“, кажа дека на следните претседателски избори кои треба да се одржат ќе побараат консензуален претседател.

На прашање дали на претседателските избори ДУИ повторно ќе игра на картата на консензуален претседател Ахмети изјави дека тој е нивен став кој го објавиле и ќе го бранат.

– Секако ова е еден од ставовите кои сме ги објавиле и ќе го браниме со фанатизам и ќе го промовираме на сите простори тука во Македонија. Ние сакаме консензуален претседател, да седнеме, да разговараме, да се усогласиме – рече Ахмети.

Ахмети исто така кажа дека веќе има и имиња за кандидати консензуален претседател, но се уште е рано да се збори за тоа.

– Секако дека може да зборуваме и со имиња, но се уште е рано за тоа – рече Ахмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...