fbpx

Ахмети: Меѓународната заедница посериозно да се ангажира за кризата

-

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го осуди насилството во Собранието и рече дека „по ваквата ситуација, меѓународната заедница треба посериозно и повеќе да се ангажира за надминување на сложената политичка состојба.“

Тој пред седиштето на партијата во Мала Речица, каде што треба да се одржи состанок на централното партиско претседателство, беше прашан дали ќе оди на лидерска средба кај претседателот Ѓорге Иванов.

„Иванов не е дел од решението на проблемот, Иванов е проблемот. На лидерска средба нема да одиме, дури и да се одржи“, одговори Ахмети.

Според потпретседателката Теута Арифи, тоа што се случило во Собранието е срам за Македонија, бидејќи институциите не си ја завршиле работата како што треба.

„Тие требаше предвреме и превентивно да реагираат да не се случи тоа во Собранието. Го осудувам ваквото насилство што вчера се случи во Собранието“, изјави Арифи.

Прашана за тоа дали седниците во Собранието понатаму ќе ги води новоизбраниот претседател Талат Џафери, таа изјави дека нема дилема околу тоа, бидејќи тој законски бил избран од мнозинството пратеници.

„Овој избор го потврдија и Брисел и Вашингтон“, додаде Арифи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...