fbpx

Ахмети, Касами и Села усвоија заедничка платформа за учество во новата влада

-

Претставниците на албанските политички партии во Македонија, ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците денеска издадоа изјава со која ја промовираа „Заедничката платформа на албанските парламентарни партии во Македонија“.

Платформата се состои од седум главни точки кои се однесуваат на рамноправноста која е предвидена со Охридскиот договор и Уставот, на рамноправен економски и регионален развој, на зајакнување на владеењето на правото, на создавање дух на доверба во меѓуетничките односи, на решавање на спорот со името, на градење добрососедски односи и на брза интеграција во ЕУ и НАТО.

Во делот за целосна рамноправност, партиите бараат правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, поддржување на секаква правна и уставна иницијатива која jа зајакнува националната рамноправност за албанското население, употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта.

„Уставот на Република Македонија треба да утврди дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија“, стои во платформата и притоа се бара сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.

Партиите исто така бараат новиот состав на собранието да усвои на Резолуција со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956.

Албанските партии сметаат дека за да се постигне економска рамноправност, потребно е создавање на нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, како и создавање на министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, кое ќе работи на заштита на правата на заедниците.

Во платформата се истакнува дека за зајакнување на владеењето на правото мора да се спроведат реформите предвидени во Договорот од Прижно препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија, препораките од пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ, но и без етнички и политички предрасуди да се поддржи работата на СЈО.

ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците бараат Собранието да усвои заедничка и обврзувачка резолуција со која Владата ќе се обврзе активно да се вклучи во решавањето на спорот со името, а во работните групи за директни преговори со Грција да бидат вклучени и Албанци.

Партиите сметат дека со исполнувањето на нивните точки од платформата ќе се деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...