fbpx

Заев и Ахмети разговараа за стратегија како да се свика Собранието

-

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, во седиштето на СДСМ во Скопје разговараа за наоѓање решение за политичката криза, откако претседателот Ѓорге Иванов вчера соопшти дека сè уште не се надминати пречките за доделување на мандатот.

По средбата, Ахмети за „Алсат-М“ изјави дека со Заев разговарале за стратегија со која би се ставиле во функција сите државните институции.

– Неопходно е да се најде начин, со најдобра намера, како да профункционира највисокиот законодавен орган, Собранието на Република Македонија и како да продолжиме понатаму со преговорите за градење на институциите со кои треба да се води државата – рече Ахмети.

Прашан дали разговарале за продолжување на конститутивната седница на Собранито, Ахмети потврди дека се разговарало и за таква стратегија.

– Треба за тоа да се разговара со сите политички сили, да се постигне согласност, за Собранието да почне со работа и да се избираат собраниските органи и комисии, односно да се стави во функција оваа висока државна институција – рече Ахмети.

Во однос на формирањето на владата, Ахмети оцени дека тоа треба да се случи откако ќе се избере претседател на Собранието, кој потоа формално ќе го извести претседателот на државата дека има парламентарно мнозинство и програма врз основа на која тој треба да му го довери мандатот на Заев.

– Најнеопходно е прашањето на конституирање на Собранието. Сите напори се во насока да се стави во функција Собранието и да се изберат собраниските органи, да се направи официјално барање од Собранието, од претседателот на Собранието на Република Македонија, до претседателот на државата, за да се даде мандат за формирање на новата влада. Не може да се зборува за конституирање на еден орган без да се има мандат. Значи, прво треба да се даде мандатот на мандатарот, а потоа да се водат преговори за ресорите. Нам помалку ни е важно управувањето на ресорите. Поважно е да му се даде мандатот на новиот мандатар, а потоа да се зборува за поделбата на ресорите – изјави Ахмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...