fbpx

Ахмети и Пломп зборуваа за изборите и за задачите на идната влада

-

За процесот на организирање и на одржување на изборите на 11 декември, задачите на новата влада, како и за интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ со целосна имплементација на Охридскиот договор, денеска разговараа претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, и холандскиот амбасадор во Македонија, Ваутер Пломп, во седиштето на партијата во Тетово.

Како што соопштуваат од ДУИ, Ахмети зборувал за потребата од одржување веродостојни и прифатливи избори, за кои, според него, партијата ќе придонесе за демократски развој на изборниот процес на 11 декември.

„Ахмети рече дека идните приоритети на новата влада мора да бидат решението на спорот за името кое овозможува евроатлантска интеграција, владеење на правото и бараните реформи од меѓународната заедница, заедно со рамноправноста и со решавање на прашањето на официјалната употреба на албанскиот јазик. Ахмети зборувал и за тешкиот период во кој земјата и регионот се соочуваа, како и за „активностите на различни центри да ја искористат кризата за да се пренасочат земјата и регионот од евроатланската ориентација“. НАТО останува непосреден приоритет на лидерот Ахмети и на ДУИ и ќе се ангажира за реализација на зедничките цели кои ги има со меѓународната заедница“, стои во партиското соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гете-медалот оди во Северна Македонија, во рацете на Искра Гешоска

Од 1955 година Гете-институт, еднаш годишно го доделува Гете-медалот како официјално почесно одликување на Сојузна Република Германија и е најважната награда на надворешната културна политика. Кандидатите/кандидатките се номинирани од...