fbpx

Ахмети го информирал и Данкан за можноста ДУИ да остане во опозиција

-

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со британскиот државен министер за Европа и за Америка, Ален Данкан, меѓу другото, го информирал британскиот дипломат и за денешниот состанок на централното претседателство на партијата.

Ахмети, како што соопштуваат од партијата, истакнал дека на состанокот ќе се разговара за можностите и за опциите на партијата, имајќи ги предвид изборните резултати, „вклучувајќи ја и можноста ДУИ да остане во опозиција“.

Од страна на британскиот дипломат била изразена поддршката на Велика Британија за стабилна и напредна Македонија. Данкан истакнал дека решавањето на ситуацијата се наоѓа во рацете на политичките партии во земјава.

„Ахмети истакна дека при донесувањето на својата одлука ќе ја земе предвид волјата на гласачите на ДУИ, Албанците, но и очекувањата на граѓаните и на меѓународните пријатели. Земјата се наоѓа пред многу предизвици и ДУИ ќе игра конструктивна улога“, рекол Ахмети, додавајќи дека изборите во земјата биле демократски и веродостојни и произвеле тесен и многу предизвикувачки резултат за политичките партии.

Лидерот на ДУИ истакнал дека заокружувањето на Охридскиот договор, владеењето на правото, како и евроатланската интеграција се услови за стабилноста и за безбедноста во земјата и побарал поддршка од Лондон за членство на Македонија во НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...