fbpx

Ахмети: Евентуален референдум за името може да го комплицира процесот

-

Евентуалниот референдум во Македонија за ново име на државата што би го договориле Македонија и Грција може да го комплицира процесот, рекол лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средбата со европратениците од групата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите, Виктор Боштинару, Тања Фајон и Тонино Пицула.

Ахмети на средбата истакнал дека компромис за решавање на спорот за името треба да се постигне сега „почитувајќи ги карактеристиките на страните и размислувајќи за заедничката иднина во евроатланското семејство“.

„Ахмети ја поздрави подгорвеноста на европратениците и рече дека периодот што претстои пред нас е одлучувачки, не само за Македонија, туку и за регионот. Тој ги увери гостите дека храброста во нас нема да недостига и повтори дека решението побрзо се постигнува со ратификација на договорот за името во парламентот, додека евентуалниот референдум може да го комплицира процесот“, стои во соопштението на ДУИ за средбата.

Лидерот на ДУИ нагласил дека спроведувањето на системските реформи во земјата нема да запре и изразил уверување дека опозицијата ќе учествува во овој процес за доброто на граѓаните.

Претставиците на групата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент истакнале оти даваат целосна поддршка на агендата на парламентарното мнозинство и на влада ставајќи се на располагање за да ѝ помогнат на Македонија и на регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...