fbpx

Ахмети: ДУИ го почитува унитарниот карактер на Македонија, треба да се избере влада

-

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со амбасадорот на Италија, Карло Ромео, нагласил дека ДУИ го почитува уставниот поредок, како и унитарниот карактер на земјата, додека новата реформска влада треба што поскоро да се избере и да почне со работа, извести ДУИ.

Во врска со локалните избори, Ахмети рекол дека ДУИ ги поддржува измените на изборниот законик за да се овозможи нормално функционирање до одржување на изборите и изборот на новата администрација.

Лидерот на ДУИ во разговорот со италијанскиот амбасадор исто така рекол  дека нема никакви пречки за одложување и дека приоритет на новата влада се реформите во судството, евро-атланската интеграција, Охридскиот договор, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и економскиот развој и отворањето нови работни места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...