fbpx

Ахмети до Хајндл: Последните чекори ја вратија стабилноста на земјата

-

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска во седиштето на ДУИ во Тетово на средбата со специјалниот претставник на Владата на Германија, Јоханес Хајндл, изјавил дека последните чекори ја вратија стабилноста и безбедноста и се предуслов за спроведување на реформите кои ќе доведат до веродостојни избори.

„Ахмети му се заблагодари на амбасадорот Хајндл за посетата и го запозна со последните случувања во земјата со што ја поздрави одлуката на Уставниот Суд, по иницијативата на ДУИ која овозможува враќање на Собранието како основен предуслов за сè. Потоа ги откажавме изборите на неодредено време, исто така, создадовме законска можност за повлекување на одлуката за помилување на Иванов, осигуривме гаранција за продолжување на работата на специјалниот обвинител и во рок од само еден ден одобривме неколку потребни реформски закони за работата на Државната изборна комисија“, се вели во соопштението од ДУИ.

Ахмети истакнал дека Договорот од Пржино продолжува со полн капацитет, со специјален обвинител и независна изборна комисија, при што Владата ќе ги спроведе предвидените реформи со посветеност.

Лидерот Ахмети исто така ја покренал, како што информира ДУИ, потребата за враќање на агендата за решавање на прашањето за името и го покани амбасадорот Хајндл и германската Влада енергијата да ја фокусираат кон овој правец, бидејќи сите нерешени прашања во земјата произлегуваат од овој проблем.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...