!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Ахмети до Гарет: ДУИ е посветена на реформите на судството и на безбедносниот систем


       
Тетово, 14 ноември, 2017 - 18:46 (META) 

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и британскиот амбасадор Чарлс Гарет денеска во Тетово разговараа политичката ситуација, системските реформи и евроатлантските интеграции, соопштија од ДУИ.

На средбата, Ахмети, ги повторил приоритетните определби на ДУИ во ова парламентарно мнозинство, односно посветеноста на системските реформи, владеењето на правото, добрососедство, интеграцијата во НАТО и отворање на разговорите за членство во Европската Унија.

– ДУИ особено е посветена на судските реформи и реформите на безбедносниот систем. По локалните избори, сета наша енергија ќе се фокусира на исполнувањето на обврските пред нас – изјави Ахмети.

Во контекст на интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ, изразил оптимизам поради унапредувањето на дијалогот со Атина и Софија, што, како што истакнал, претставува предуслов за деблокирање на интегративниот процес на нашата земја.