fbpx

Ахмети апелира до Албанците да не гласаат за помалите партии

-

Демократската унија за интеграција (ДУИ) работи на подобрување на животниот стандард и на создавање силни албански кадри, кои на правилен начин ја водат државата, истакна лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на вечерашниот митинг на партијата во Теарце.

– Предизборната кампања ја почнав во Липковско. Лично се уверив во проектите што ги остварила ДУИ. Во Липково има амбуланта, порано немаше. Го посетив Никуштак и таму видов многу проекти, кои ги остварила ДУИ. Нашата партија работи и на создавање нови албански кадри, кои сега се функционери во повеќе ешалони од власта. Ние одиме напред, ние не сме ограничени. Ние постојано работиме во интерес на граѓаните – рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ упати апел од Албанците и побара од нив својот глас да го дадат за ДУИ и да не гласаат за помалите партии, затоа што така само пропаѓа нивниот глас.

– Има многу албански партии. Јас немам ништо против тоа, но до нив неколкупати сум апелирал да се обединат и да ја победат ДУИ, а не вака необединети. Власта не може да биде вечна, но албанството останува, затоа треба да бидеме пообединети. Јас апелирам да гласате за ДУИ, албанскиот глас да се концентрира кон нашата партија, бидејќи само на тој начин ќе можеме да ги решаваме вашите проблеми – нагласи Ахмети.

Тој како заслуга на неговата партија ја посочи индустриската зона во Тетово, каде, според него, за многу кратко време ќе се вработат 2.000 луѓе, а за неколку години во зоната, како што рече, ќе работат повеќе од 10.000 лица.

– Само така ќе се спречи иселувањето на младите Албанци од Западна Македонија – порача Ахмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...