fbpx

Ахмети: Албанците да се обединат за да добијат повеќе пратеници

-

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на последниот митинг што неговата партија го одржа во Тетово, истакна дека политичкиот кадар на ДУИ во следниот мандат и понатаму ќе работи на подобрување на сите сегменти од општественото живеење.

– Секаде каде што бевме за време на оваа изборна кампања, луѓето бараат подобрување на економијата, отворање нови работни места, подобрување на состојбите во образованието. Кој може сето тоа подобро да го направи од кандидатите на ДУИ, кои без конкуренција се со најдобри познавања, знаења и искуство за сите тие сфери. Ние отворивме повеќе од две илајади нови работни места во Западна Македонија од Струга до Тетово. Во сферата на образованието, што останува еден од најважните наши приоритети, веќе имаме отворено два универизтети на албански јазик, а сега отворивме и трет, „Мајка Тереза“ во Скопје – изјави Ахмети.

Тој посочи дека луѓето во Македонија бараат мир и сигурност, а тоа може да има го обезбеди политичката партија ДУИ.

– Луѓето бараат мир и сигурност, а кој може подобро да изгради таква држава од оние што воделе војна за поголеми права. Секаде каде бевме за време на оваа кампања, повикувавме на обединување, а не на делење на Албанците. Затоа и ги повикав новоформираните партии и движења да се обединат и така да ја победат ДУИ, а не вака, разединети, со што само може да загубиме пратенички места како Албанци. Ние веќе не сме политичка партија, туку платформа на народот и нема цена што може да се плати за нашата слобода што сме ја добиле со крв – додаде Ахмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...