fbpx

„Агрокор“ ќе продолжи со работа по 15 јули, постигнат договор со две руски банки

-

Претседателот на Хрватската стопанска комора, Лука Буриловиќ изјави денеска дека е постигната спогодба со две руските банки за концернот „Агрокор“, што ќе и овозможи на компанијата непречено да продолжи да работи од 15 јули оваа година.

Буриловиќ истакнал дека договорот ќе биде реализиран на 15 јули, бидејќи тогаш престанува да важи „лекс специјалис“ за „Агрокор“.

– Најважно е дека е постигнат договор и „Агрокор“ после 15 јули ќе продолжи непречено да работи – изјави Буриловиќ.

Според нацртот на договорот, „Спербанк“ и банката „ВТБ“ ќе бидат мнозински сопственици на концернот, бидејќи би имале помеѓу 30 и 46 отсто удел во сопствеништвото.

Акционерите на „Агрокор“ би имале од 23 до 25 отсто од компанијата, домашните банки околу 10 отсто, а добавувачите околу осум отсто.

Владата на Хрватска во „Агрокор“ кој имаше финансиски проблеми воведе принудна управа во април 2017 година. Тој концерн во регионот вработува околу 60.000 луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...