fbpx

АЕК и ААВМУ да работат медиумите да не бидат инструментализирани од политиката

-

Недоволно или несоодветно информирање на граѓаните за нивната работа или за алатките преку кои граѓаните може да реагираат на работењето на медиумите или телекомуникациските оператори е главната забелешка што беше изнесена за работата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). На денешната презентација на четвртиот мониторинг извештај за работата на двете агенции, подготвен од Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, беа посочени и чекорите што треба да се преземат за тоа да се надмине.

Според Славица Билјарска, специјалист за односи со јавност, нелогично е АЕК да има три веб-страници, бидејќи така им се отежнува на граѓаните доаѓањето до бараната информација, а проблем кај веб-страницата на ААВМУ е тоа што голем дел од битните информации се ставени во формат со кој се оневозможува граѓанинот да дојде до информацијата преку интернет-пребарувачите.

– Ме израдува тоа што на веб-страницата на ААВМУ има наведено доволен број контакти, за да знаат граѓаните кому точно да му се обратат, за разлика од сајтот на АЕК, каде што има само контакт-формулар нема доволно други канали за комуникација, односно присутност на социјалните мрежи. Направете стратегии за комуникација и бидете поприсутни на социјалните мрежи, а потоа низ искуство ќе видите кој канал на комуникација ќе биде најефективен и ќе се посветите потоа најмногу на него, во зависност од тоа која ви е таргет-групата – рече Билјарска, давајќи им сугестиии на двете агенции.

За разлика од претходните три извештаи, изготвувачите на најновиот сакале да дознаат колку граѓаните се информирани за двете агенции, и како што истакна Горан Лазаров од Евротинк, резулатите биле вчудовидувачки – голем дел од вкупно 29 граѓани што одговарале на различни прашања не знаеле дека двете агенции не се финансираат од државниот буџет, но исто така ги гледале како зависни од политиката.

Според експертот за медиуми, Снежана Трпевска, посебно ААВМУ како регулатор, мора да работи интензивно за да се создаде атмосфера медиумите да не бидат инструментализирани од политиката.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...