fbpx

Адвокатот Сашо Дукоски поднел иницијатива до Уставниот суд за Законот за амнестија

-

Адвокатот Сашо Дукоски денеска поднел иницијатива во Уставниот суд за оценка на уставноста на Законот за амнестија. Според Дукоски, Законот е неуставен бидејќи во него е наведено за кои кривични дела се однесува амнестијата, а за кои не, со што, вели адвокатот, се крши уставното начело за еднаквост на граѓаните пред уставот и законите.

„Денеска поднесов иницијатива за оценка на уставноста на членот 3 од Законот за амнестија каде е наведено за кои кривични дела не важи амнестијата, што ги прави граѓаните (осудениците) нееднакви. За едни граѓани важи законот, а за други не, во однос на тоа за кои кривични дела се осудени. Сметам дека ова имплементирано законско решение е спротивно со уставното начело за еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите и начелото за вледеење на правото“, напиша Дукоски на својот фејсбук-профил.

Со Законот, амнестија не е предвидена за осудените за убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, за силување, педофилија, посредување во вршење проституција, потоа за кривични дела против државата, за злосторничко здружување, како и за кривичните дела против човечноста и меѓународното право.

Според проценките на Владата, со Законот за амнестија околу 670 лица ќе бидат целосно ослободени од издржување на затворска казна, додека на 3.097 ќе им биде намалена казната за 30 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...