fbpx

Адвокатите се обидуваат да го спречат објавувањето на новата книга за Трамп

-

Адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп се обидуваат да го спречат објавувањето на новата книга за претседателот на САД, во која тој е претставен како неук човек и милијардер-фалбаџија, јавуваат американските медиуми.

Книгата чиј автор е новинарот Мајкл Волф, насловена „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“, излегува на 9 јануари.

Американскиот претседател вчера соопшти дека ги прекинал сите контакти со својот поранешен главен стратег и советник во неговиот изборен штаб за време на претседателски избори, Стив Бенон поради „навредливите коментари“ на сметка на семејството на Трамп.

„Стив Бенон нема ништо со мене или со моето претседателство. Кога беше отпуштен не само што ја загуби работата, туку го загуби и разумот“, наведе Трамп во соопштението за својот поранешен соработник.

Бенон во книгата, од која делови објави „Вашингтон пост“, наведува дека средбата на соработници и на членови на семејството на Трамп, меѓу кои и неговиот син, Доналд Трамп Јуниор и неговиот зет Џаред Кушнер, со руски претставници во јуни 2016 година во „Кулата Трамп“ во Њујорк била „предавничка“ и „непатриотска“.

„Вашингтон пост“ денеска објави дека адвокатот на Трамп, Чарлс Хардер се обидува да го спречи објавувањето на книгата во која Трамп е претставен како милијардер-фалбаџија кој не ни сакал да стане претседател, туку дека намерата му била со претседателската кампања да го зајакне својот бренд.

За претседателот на САД се наведува дека не знае многу работи и дека не може да сфати сложени проблеми.

Хардер на Волф и на неговата издавачка куќа „Хенри Холт енд Компани“ (Henry Holt and Co) им испратил известување во кое се наведува дека разгледуваат тужби за клевета и се бара „веднаш да запре објавувањето, издавањето или диструбуцијата на книгата и на делови од неа.

Волф, како што пренесуваат медиумите во САД, изјавил дека Трамп бил запознаен со неговата работа и дека им дозволил на своите соработници да разговараат со него.

Во делови од книгата што ги објави магазинот „Њујорк“ се наведува дека авторот имал повеќе од 200 разговори со претседателот и со челнови на неговиот тим во период од 18 месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...