fbpx

Адвокатите на Кочан не го добиле решението за неговиот притвор

-

Одбраната на Сеад Кочан сè уште не го добила решението со одлуката на Кривичниот совет да му биде одредена мерка притвор на бизнисменот кој е еден од тројцата осомничени во случајот „Труст“ на СЈО.

Адвокатот на Кочан, Никола Додевски, изјави дека за притворот дознал од медиумите и дека сè додека одбраната не го добие решението, Кочан е слободен човек.

– Судот своите одлуки ги објавува на својата интернет-страница. Јас не знам и се чудам како може ваквата информација прво да им биде доставена на медиумите, без претходно за тоа да бидат известени и да добијат решение странките во постапката – рече Додевски.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева потврди дека добиле известување од судот за притворот на Кочан, но сè уште и тие го немаат добиено решението за одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.

Како што рече Јанева, била известена од судијката дека во текот на денешниот ден треба да го добијат решението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.