fbpx

Адвокатите на Грујовски поднесоа жалба на притворот

-

Адвокатскиот тим на првоосмничениот во случајот „Тврдина“, Горан Грујовски поднесе жалба на притворот за началникот на петтата управа.

„Барањето е испратено до судија на претходна постапка и кога ќе бидат комплетирани списите ќе бидат доставени на одлучување до Кривичниот совет. Според законот за Кривична постапка, Кривичниот совет има рок од 48 часа да одлучи за жалбата“, велат за „Мета“ од судот.

Од судот засега нема информации дали се пристигнати барањата од Специјалното јавно обвинителство за одредување на мерки на претпазливост на останатите тројца осомничени во „Тврдина“ меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, но се очекува во текот на денот тие да бидат предадени во судот .

Мерките за претпазливост се одземање на пасош, забрана за напуштање на живеалиште и повремено јавување кај надлежен суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...