fbpx

Адвокатите на Абдеслам не сакаат веќе да го застапуваат

-

Адвокатите што го застапуваа единствениот преживеан од групата исламистички милитанти што минатата година во Париз убија 130 лица, соопштија дека веќе нема да го застапуваат.

Салах Абдеслам, кој откако е уапсен на почетокот на годинава е во самица во затвор во близина на Париз, не сака да зборува ниту, пак, сака правни застапници, рекоа неговите адвокати Франк Бертон и Свен Мари за телевизијата „Бе-еф-ем“.

-Уверени сме, а и тој самиот рече дека нема да зборува и оти ќе го искористи своето право да се брани со молчење. Што можеме да направиме? Јас уште на почетокот реков дека ако мојот клиент инсистира да се брани со молчење, јас не можам да го бранам – рече Бертон.

Тој додаде дека Абдеслам е „доведен до лудило“ со постојаниот видеонадзор во затворот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според првичните извештаи, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа...