fbpx

Абас повторно ќе бара формирање палестинска држава

-

Палестинскиот претседател Махмуд Абас соопшти дека со претставниците на Јордан повторно разговарал за покренување резолуција во Советот за безбедност на ОН за формирање палестинска држава. Изјавата на Абас доаѓа една недела откако беше отфрлена резолуцијата со која се бараше Израел да се повлече од окупираните територии до крајот на 2017 година.

– Не сме разочарани, туку нè разочара Советот за безбедност. Повторно ќе одиме во Советот за безбедност, зошто да не? Можеби по седум дена – соопшти Абас, додавајќи дека повторно ќе ги постават истите барања.

Резолуцијата не успеа да добие девет гласа „за“, колку што е потребно за да биде усвоена во Советот за безбедност. „За“ гласаа осум земји, против беа две, САД и Австралија, а пет беа воздржани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...