fbpx

Абас бара поддршка за формирање палестинска држава

-

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска апелираше до меѓународната заедница при решавањето на судирот со Израел да го поддржат формирањето на независна палестинска држава.

Во својот говор пред Советот за човекови права на ОН во Женева, Абас ги повика земјите кои веруваат во решавање на проблемот „да застанат во одбрана на тоа решение“ и да ја признаат државата Палестина.

– Решението мора да биде заштитено од секој обид за повлекување или еднострано запоставување – рече Абас.

Тој го осуди населувањето на окупираните територии и усвојувањето закони во Израел кои со ретроградно дејство легализираат илјадници домови на еврејски доселеници на Западниот Брег и нелегалното подигнување населби на приватно земјиште на Палестинците.

Палестинскиот лидер рече дека законот ја „легитимира кражбата на окупираната палестинска земја“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...