fbpx

ААВМУ: Радиодифузерите да ја прилагодат програмата за деновите на жалост

-

Поради деновите на жалост, денеска и утре, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), упати препораки за радиодифузерите за соодветно емитување програма.

„Емитувањето на забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија да се одложи за други денови од седмицата. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е овие два дена да не се емитува рекламирање“, порача ААВМУ во насоките дадени по вчерашната тешка автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово близу селото Ласкарци, која однесе 14 животи.

Истовремено, како што посочува радиодифузниот регулатор, Јавниот радиодифузен сервис и радиостаниците коишто доброволно пријавиле дека ќе емитуваат одреден процент домашна музика од македонски автори и автори од етничките заедници, во двата дена на жалост, денеска и утре, се ослободуваат од оваа обврска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...