fbpx

ААВМУ поведе прекршочни постапки против ТВ „Нова“, „Алсат-М“ и „Телевизија 24“

-

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) поведе прекршочни постапки против „ТВ Нова“, „Алсат-М“ и „Телевизија 24“.

Постапките, како што соопштија од Агенцијата, се поведени врз основа на извештаите од надзорот на медиумското известување за изборните, а во согласнот со Изборниот законик.

ААВМУ повела прекршочна постапка против „ТВ Нова“ и „Алсат-М“ поради надминување на лимитот за платено политичко рекламирање, додека постапката против „Телевизија 24“ е поради непочитување на правилата за објавување резултати од анкети.

– Надзорот врз „Алсат–М“, пожажа дека на 26 и на 28 септември 2017 година, на еден реален час емитувана програма, одвоено е повеќе од законски дозволеното време за политичките партии во Собранието на РМ што немаат пратеничка група. Со надзорот, пак, врз ТВ „Нова“, кој се однесува на периодот 28 септември и 1 октомври 2017 година, се утврди дека на еден реален час емитувана програма, емитувано е повеќе од дозволеното време за политичките партии во опозиција. Прекршочна постапка за „Телевизија 24“ е поведена поради непочитување на правилата за објавување резултати од испитување на јавното мислење, во прилогот насловен „Седми ден кампања за локалните избори“, емитуван на 1 октомври 2017 година – стои во соопштението од ААВМУ.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ – Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка од „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...