!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

ААВМУ поведе прекршочни постапки против телевизиите „Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“


       
Скопје, 12 октомври, 2017 - 12:31 (META) 

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски (ААВМУ) поведе прекршочни постапки против телевизиите „Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“ врз основа на извештаите од извршениот надзор на изборното медиумско претставување за време на изборната кампања, во согласност со Изборниот законик.

Прекршочната постапка против ТВ „Алфа“ е поради необезбедување избалансирано покривање на кампањата за локалните избори, во вкупната програма, во првите десет дена од изборната кампања.

ТВ „Компани 21-М“ и ТВ „Стар“, пак, емитувале платено политичко рекламирање во посебни информативни програми, односно во дебатната емисија „Клик плус“, емитувана на 4 октомври годинава на телевизија „Компани 21-М“ и во две изданија на „24 Отворено“, емитувани на 4 и 5 октомври годинава на телевизија „Стар“.

 

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.