fbpx

ААВМУ, АЕК и медиумите да се заштитат од политичко мешање

-

Да се донесат законските измени со кои се предвидува двотретинска согласност на парламентарците при именување  на членовите на Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и да се намали  рекламирањето на власта, пред се на локално ниво, во електронските медиуми и да се елиминира можност за политичко влијание во медиумите, се едни од главните цели што треба да се постигнат за да се овозможи поголема независност на електронските медиуми и во нивното контролирање.

Тоа беше кажано на денешната презентација на извештајот на Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО „Инфоцентар“, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Тоа е третиот тримесечен извештај на работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) подготвен во рамките на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“.

АВМУ во изминатото тромесечје одржала солидно ниво на транспартеност и отчетност, а од пет медиумски организации биле побарани законски измени за предлагање и именување членови на Советот на АВМУ, но процесот е закочен. Тоа во Собранието треба да се направи како што е предвидено и членовите на овој Совет да се избираат со двотретинско мнозинство за да се постигне вистинска независност на агенцијата и нејзината работа, побара Зоран Фидановски од Здружението на новинарите на Македонија во дискусијата по презентацијата.

Како што рече комуникологот Сефер Тахири во презентацијата, според извештаи на ЗНМ и според други согледувања, уште се регистрира големо мешање на власта во електронските медиуми, а тоа, како што рече, се случувало и преку рекламирањето на власта. На тоа се спротивстави Зоран Трајчевски, директорот на АВМУ, кој рече дека рекламирањето на власта во последните две години е речиси елиминирано. Фидановски во одговор посочи дека тоа рекламирање е присутно главно на локално ниво, во поглед на пренесување на извештаи од Советите на општини и разни соопштенија.

– АВМУ треба да биде независно тело. Клучот е во политичката независност од власта, но тоа е лесно да се каже, а тешко да се оствари – рече Тахири.

Покрај него, за работата на АВМУ и АЕК говореа и Горан Лазаров, проектен координатор од Евротинк и Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар.

 

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ – Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка од „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...