fbpx

„A1он“ ќе ги тужи организаторите на протестот „За заедничка Македонија“ и ќе бара отштета

-

Порталот „А1он“, чии новинар и снимател вчера беа дивјачки претепани на протестот во Скопје што го организираше граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, ќе го тужи организаторот и ќе бара надомест на штетата.

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, го информирал Здружението на новинари на Македонија дека приведени се лица за нападот на новинарската екипа на „А1он“. Министерот истакнал дека се работи на расчистување на случајот, но не открил колку лица се приведени и каде се пронајдени.

Петмина учесници на протестот, на крајот на собирот, ги нападнале снимателот Владимир Желчески и новинарот Александар Тодески додека професионално го следеле настанот. Напаѓачите ја скршиле камерата на „А1он“, а Желчески и Тодески, поради добиените повреди, со возило на брза помош беа пренесени во Ургентниот центар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...