fbpx

Албанија најави вето за Македонија во НАТО, МНР и МО се консултираат за реакција

-

По Грција, и Албанија најавува дека ќе го користи правото на вето на барањето Македонија да стане членка на НАТО.

Ова произлегува од говорот на албанскиот премиер, Еди Рама, на регионалната министерска средба за борба против тероризмот, на која учествуваат министри за внатрешни работи на неколку европски влади, кога тој зборувал за аспирациите на Македонија да стане членка на НАТО.

– За жал, во Куманово, зборовите „тероризам“ и „Албанец“ беа сплотени во обид оваа етничка група да се нарече терористичка. Ова е неприфатливо не само за нас, туку и за македонската држава. Мора да ѝ биде јасно на оваа земја дека Албанците остануваат конститутивен државен играч во земјата. Нема поопасно нешто што може да ни се случи во борбата против тероризмот од употребата на поимот тероризам заради решавање на македонските настани. Мешањето на овие термини ќе биде неприфатливо за нас, исто како и теророт што го преживеаја невините жители на Куманово… Сè што ние сакаме е стабилна Македонија, Македонија во НАТО, но не безусловно или поради воени судири. Македонија не може да стане членка на НАТО без гаранција на Охридскиот рамковен договор – рекол Рама.

Ова е трета закана за вето за приемот на Македонија во Алијансата, по онаа на Грција поради името и на Бугарија поради договорот за доброседство. Заканата за вето од Албанија се аргументира со Охридскиот договор.

Во МНР ни рекоа дека во тек се консултации и анализа на изјавата на Рама.

Од АРМ велат дека тоа е политичко прашање и за одговор нè препратија кај политичарите.

– Ние не сакаме да коментираме политичари. Само сакам да нагласам дека АРМ ги има постигнато стандардите за влез во НАТО. И самиот пристап во оваа организација е политичка одлука, а сè што се барало од нас како Армија е исполнето – ни изјави полковник Мирче Ѓоргоски, портпарол на Генералштабот на АРМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...