fbpx

Заев: Јанакиески и Груевски договараат провизии

-

Во следните разговори што беа обелоденети на денешната прес-конференција во седиштето на опозицискиот СДСМ, според Зоран Заев, се слуша како Груевски прави притисок врз Јанакиески за барокните фасади. Во разговорите, според Заев, Груевски му ветува дека нема да биде вовлечен во криминал.

Груевски му сугерира на Јанкиески да завршат со фасадата на ЕВН и на „Сити галери“. Министерот му одговара дека тоа не е возможно затоа што треба проширување на маркица и дека треба да се промени деталниот урбанистички план. Груевски му вели дека треба да се даде мислење на Општина Центар. Јанакиески тврди дека не е возможно тоа затоа што е потребна маркица за тоа. Јанакиески за цело време не сака да попушти на инсистирањето на Груевски. Во целиот разговор му објаснува на Груевски дека не е возможно и бара од Коце Трајановски да му каже какво барање да му поднесе. Јанакиески дури во еден момент и се лути и вели дека на седница ќе молчи и дека нема да каже ништо. Груевски потоа му објаснува дека нема да има некаква вина, туку дека даваат само мислење.

Во следниот разговор, Груевски му вели дека Јанакиески не може да даде мислење туку дека тоа мора да го направи комисија. Груевски му вели да најдат некоја „финта“ и да го средат тоа.

– Немој да мислиш дека те втурнувам во некој криминал и дека сакам да одиш во затвор – му вели Груевски на Јанакиески.

Со ова, според Заев, се покажува криминалот кој Владата на Груевски го направила со кинеската компанија за добивање на автопатот.

Заев повторно го пушти разговорот помеѓу Ставрески и Јанкулоска, во кој зборуваат за тоа дека Груевски ги втурнува во криминал. Во разговорот Ставрески ѝ објаснува на Јанкулоска дека Груевски сака без тендер, незаконски, Кинезите да ја добијат изградбата на авотпатот.

Заев рече дека по изгласувањето на законот за да може без тендер да се избере понуда, и тоа во четири очи, настапува Груевски и влегува во акција со таа фирма да го договри автопатот Кичево – Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...