fbpx

БАН: Сите македонски дијалекти се бугарски

-

Бугарската академија на науките (БАН) ги стави македонскиот јазик и неговите дијалекти како составен дел од бугарската дијалектологија. БАН и Институтот за бугарски јазик завчера, со финансиска помош од Европскиот социјален фонд на Европска Унија, ја промовираа интернет-аудиокартата на 30 автентични бугарски дијалекти, во кои се вброени и сите дијалекти од Македонија.

Аудиокартата, која ја направија научниците од Институтот за бугарски јазик при БАН, опфаќа и територии кои не се во рамките на државните граници на Бугарија, но „некогаш биле бугарски територии, како што се делови од Македонија, Егејскиот регион, мал дел од Албанија, јужните делови на Србија, Турција и Романија“, пишува бугарскиот весник „Монитор“.

Професорот по македонски јазик, Људмил Спасов, вели дека ова не е прв случај БАН да го вклучи македонскиот јазик како нивен дијалект.

– Ова е повампирување на старите големобугарски тези од крајот 19 и од првата половина на 20 век. БАН повеќепати има изработувано атласи на дијалектолошки мапи кои ја отсликуваат Санстефанска Бугарија. По признавањето на Република Македонија од Бугарија, стивна оваа кампања и почнаа да се воспоставуваат нормални односи на научен и на културен план. За жал, овие потези сигурно ќе го растурат сето тоа што е досега постигнато, позитивната соработка, и нè враќаат во националистичките времиња – вели Спасов.

Бугарската звучна дијалектолошка мапа е дел од проектот за „Интегрирање на нови практики и знаења во наставата компјутерска лингвистика“, во рамки на кој секој корисник би можел да ја збогати мапата со додавање аудиодокумент за одреден збор или дијалектна фраза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...